ЛГБТ заедницата во Велика Британија е разочарана од трансферот на Хендерсон во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Ливерпул, Џоран Хендерсон, наскоро треба да потпише договор со Ал-Етифак од Саудиска Арабија. Фудбалерот веќе ги има договорено лични услови, според кој би заработувал по 40 милиони евра годишно, дури четирипати повеќе од тоа што го има во Ливерпул, а останува уште двата клуба да го договорат обесштетувањето.

Ваквиот потег на фудбалерот предизвика разочарување кај ЛГБТ заедницата во Велика Британија, која фудбалерот го смета за своја икона и дури носат транспарент со неговиот лик на натпреварите на репрезентацијата на Англија.

Хендерсон ваквиот статус го заслужи со неговата борба да им се дозволи на навивачката група “Лионс Прајд“ организирано да навива на стадионите, но и поради лентата со боите на виножитото која ја носеше на финалето на Европското првенство.

– “Нашата радост за господинот Хендерсон кога и даде гол на Украина на ЕП беше делумно и поради лентата со боите на виножитото. Токму поради тоа направивме транспарент за него. Тоа се случи во знак на сечавање на стандардите кои ги постави и кога отворено зборуваше за нашето право да навиваме за Англија. Ако е точно дека ќе оди во Саудиска Арабија, тој транспарент ќе биде уништен“ – рече претставник на навивачката група кој се бори за правата на ЛГБТ заедницата.

Поддршката и промоцијата на ЛГБТ во Саудиска Арабија е строго забрането и е казниво со високи затворски казни.

- Оглас -

Најнови вести