Личи на невозможно, но звучи бомбастично: Новиот менаџер на Челзи бара трампа Лукаку за Кејн

Греам Потер има луда идеја и ќе се обиде да издејствува трампа со која во Челзи би дошол Хари Кејн од Тотенхем, а кај Спарс би пристигнал Ромелу Лукаку, објави италијанскиот „Калчомеркато“.

Личи на невозможна варијанта, но звучи бомбастично и во денешната ера на фудбалот, кога се вртат големи пари, и можеби и остварливо.

Сепак, проблем во целата рокада и како таа да се изведе е што Кејн е проценет многу повеќе во моментов од Лукаку, а односот е најмалку 1,5:1.

Втор проблем е што Белгиецот моментно игра за Интер како позајмен играч од Челзи, па тешко е да биде повлечен од Милано среде сезона и да биде испратен во Лондон кај Тотенхем.

Новиот менаџер на Челзи, Потер, сепак ја претставил идејата пред раководството на клубот за да се обиде да направи чудо и рокада со која Кејн би дошол кај сините од „Стемфорд бриџ“, а Лукаку повторно би заминал кај Антонио Конте откако овој тандем одлично соработуваше во Интер преклани, кога беше освоено Скудетото во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести