Лидеј официјално останува во Партизан и станува клупска легенда, Миротиќ ги одбра Црвено-белите!

Американското силно крило Зек Лидеј официјално го продолжи договорот со белградскиот Партизан за уште две сезони.

Со тоа што Лидеј ќе остане во Партизан и трета сезона по ред, влегува во петорката странци кои три или повеќе сезони играле за белградските Црно-бели, покрај Пантер, Бертанс, Весели и Пејџ. Интерес за Лидеј имаше од Макаби, но тој реши да остане во Партизан, со кого сезонава ја освои АБА-лигата и беше на прагот на фајналфор во Евролигата.

Се шпекулира дека Лидеј во Партизан ќе заработува по 2 милиони евра по сезона, што значи дека новиот двегодишен договор ќе тежи 4.000.000 евра.

При крај е сагата со Никола Миротиќ, кој уште го нема раскинато договорот со Барселона, а клубот му порача да си најде нова средина. Иако за него имаше интерес од белградските ривали Партизан и Црвена ѕвезда, најверојатно Миротиќ ќе се пресели во Олимпијакос за 6 милиони евра. Олимпијакос летово останува без својот најдобар играч, Александар Везенков, кој заминува во НБА, а Миротиќ е идеална замена за него според стилот на игра што го имаат.

- Оглас -

Најнови вести