Чудни четири меча во Европа одигра лидерот во Бундеслигата, Унион Берлин, и на сите имаше само по еден гол во Д групата од Лигата на Европа, што е нетипично за германски тим.
Денеска од 18.45 часот тимот од главниот град на Германија го игра решавачкиот меч за пласман во нокаут-фазата во Лигата на Европа, а ривал им е португалска Брага.
На првиот меч Португалците славеа со 1:0, а ако продолжи трендот на Унион Берлин да игра од 0-1 гол, тогаш во Sport Life можете да „ќарите“ убав коефициент од 3.20.
Ако сакате да одиграте похрабро, а го почитувате европскиот тренд на лидерот во Бундеслигата да игра од 0-1 гол во Лигата на Европа, тогаш можете да се обложите и на конечен резултат.
За победа од 1:0 на Унион Берлин квотата во Sport Life е точно 7.00, а за триумф на Брага со 0:1 во Копеник коефициентот е 12.
Пред стартот на натпреварите од петтото коло во оваа група белгискиот Ројал Унион СГ е лидер со 10 бода, пред Брага со 7, Унион Берлин со шест и Малме без бодови.
Победникот во групата ќе игра директно во осминафиналето, второпласираната екипа ќе мора да одигра една фаза повеќе, односно ќе стартува во нокаут-фазата од 1/16-финалето, а третопласираниот клуб се сели во Конференциската лига.