18.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Лидерите во Англија и Шпанија сигурно ќе победат, ЛШ е посебна драма

1001 Манчестер сити – Саутемптон (19 ч.)

Серијата од 21 победа по ред на Граѓаните заврши во дербито против градскиот ривал Манчестер јунајтед. Сити прв пат во 2021 година не само што не победи, туку беше поразен со 0:2. Овој неуспех не смее да ги разочара играчите на Пеп Гвардиола кои се во поход за освојување на титулата во Премиер лигата.

Саутемптон е во долниот дел од табелата и реално не смее да прави никакви проблеми на домаќинот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.21)

 

1301 Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао (19 ч.)

Ова е заостанат меч од 18 коло во Примера кој е многу битен за домаќините. Јорганџиите имаат само три бода пред Барселона и ако сакаат да бидат малку помирни на врвот, мора да освојат три бода. Традицијата вели дека Атлетико во Мадрид против тимот од Билбао победува пет пати во низа и секогаш имало барем два погодоци.

Мадриѓани сезонава дома имаат девет победи во 13 меча и во просек дава над два погодоци. Билбао е во серија од осум дуели без пораз, но сезонава на гости игра неуверливо.

Предлог тип: 1&T1 2+ (2.55)

 

6002 Ливерпул – Лајпциг (21 ч.)

Ливерпул повеќе од еден месец е во кошмарна серија, но тоа се однесува за англиското првенство. Англискиот првак за прв пат во клупската историја претрпе шест порази по ред на „Енфилд роуд“, а последен ги победи Фулам кој се бори за опстанок.

Сепак, кога се работи за Лигата на шампиони , Ливерпул против Лајпциг победи со 2:0 како гостин на неутрален терен. Вечерва повторно се игра на неутрален терен, а Англичаните се во улога на домаќини. За Лајпциг ако се изземе поразот од Ливерпул, бундеслигашот има осум победи во низа и сигурно ќе нападне за да ја анулира негативата од првиот дуел.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

6001 ПСЖ – Барселона (21 ч.)

Дуел на кој едноставно мора да има голови. Две екипи кои негуваат офанзивен фудбал, а тоа го потврдуваат и нивните 12 претходни средби, кога секогаш имало барем по два погодоци, а дури девет пати било 3+.

Реално, ПСЖ само рутински треба да го потврди пласманот во следната фаза, но токму тој факт дека нема да има многу тензија и неизвесност, треба да биде најава за нова голеада во Париз.

Предлог тип: ГГ3+ (1.62)

 

1701 Олимпик Марсеј – Рен (19 ч.)

Дуел на две екипи кои се во очајна форма и не се знае кој е послаб во моментов. Марсеј дури испадна и од Купот на Франција откако загуби од нисколигаш, што само е потврда за очајната форма на домаќините.

Рен нареди пет порази по ред, а нема победа речиси два месеци. Тоа што е карактеристично за двата тима е дека сезонава често играат со резултати на кои има меѓу два и три гола. Токму така се очекува да биде и вечерва.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

- Оглас -

Најнови вести