Лидерот конечно сопрен, Рома му „украде“ два бода на Наполи во 92-рата минута (Видео)

Наполи беше блиску до нова победа во Серија А, што за нив ќе беше осма по ред, но остана без два бода во 92-рата минута. Шампионот на Италија од пред две години со голот на Спинацола во 29-тата минута имаше водство од 0-1 на гостувањето кај Рома, но Анхелино во 92-рата минута со прекрасен удар успеа да израмни на 1-1, а со тоа да го постави и конечниот резултат на овој натпревар.

Со оглед на тоа дека и Интер одигра 1-1, растојанието помеѓу двете водечки екипи во Серија А останува исто, три бода, но екипата од Милано има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести