9.8 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Лидерот на табелата има постигнато помалку голови од екипата која е последна

Некогашниот германски гигант Шалке 04 е во мисија од следната сезона да се врати во Бундеслигата. Славниот клуб од Гензенкирхен е лидер во Цвајте каде по 16 одиграни кола има дури 37 бодови.

Шалке има четири бодови повеќе од второпласираниот Елверсберг и сигурно ќе ја освои „есенската титула“. Одбраната е главниот адут на Шалке, затоа што тоа е тимот кој прими само осум голови, убедливо најмалку од сите останати екипи.

Во досегашните 16 меча Шалке постигна само 21 голови, а интересно е тоа што Шалке ако е лидер, го има еден од најнеефикасните напади. Колку за споредба, екипата на Динамо Дрезден кој е на последното место во втората германска лига, во 16 меча има постигнато 23 голови, односно два повеќе од лидерот Шалке.

В недела, Шалке ќе гостува кај Браушвајг во меч од 17 коло.

 

- Оглас -

Најнови вести