Лидерот на Западот е фаворит против Јанис и Лилард, Јокиќ игра против центарот кој сè уште ја бара топката од последниот дуел (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат десет натпревари за кои Sport Life подготви по 154 комбинации за играње.

Дербито на вечерта ќе се игра во „Таргет центар“ во Минеаполис, каде најдобриот тим во Западната конференција, Минесота тимбервулфс ќе го пречека Милвоки бакс.

Минесота која е лидер на Западот со учинок од 39 победи и 16 порази ќе ја има фаворитската улога (1.68) против Милвоки кој е трет најдобар тим на Истокот (35-21) иако во тимот ги има суперѕвездите Јанис Адетокумбо и Дамиен Лилард кој победи во натпреварот во шутирање тројки на олстар викендот кој се одржа минатата недела.

 

Според квотите, домаќините се фаворити на шест од десетте натпревари и победи може да се очекуваат Атланта која игра против Торонто, на Оклахома сити која игра против Вашингтон, на Њу Орлеанд во дуелот со Мајами, како и на Голден стејт и ЛА Лејкерс кои играат против Шарлот и Сан Антонио.

Гостите на четири меча се поблиску до победата според квотите, а најголем фаворит е шампионот Денвер нагетс кој гостува кај Портланд.

 

На последниот меѓусебен дуел кој се играше пред десетина дена, Никола Јокиќ му продаде финта Деандре Ајтон, по која, како што се шегуваат НБА-фановите, центарот на Портланд сè уште ја бара топката.

Во понудата на Sport Life тука е и популарната игра „плус-минус“ поени, каде што може да се погодува за бројот на поени на дури 78-мина кошаркари. Комплетната понуда може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести