Фудбалските второлигаши попладнево означија почеток на пролетниот дел од сезона со натпреварите од 16-тото коло.
Лидерот на табелата, Охрид, со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Беласица, меч кој воедно беше и дерби на колото. Единствениот погодок во Струмица беше дело на Иван Глигоров во 75-тата минута.
Изненадување претставува поразот на штипска Брегалница од 2-0 на гостувањето кај Кожуф, додека Шкендија Арачиново беше убедлива против Преспа и славеше со 4-1.
Скопје со 0-4 беше подобар од Слога во Виница, додека најубедливата победа ова коло за забележа Детонит Плачковица, откако го победи Големо Коњари со 6-0.
Иако најавите беа дека поранешниот шампион на Македонија, прилепска Победа, нема да го продолжи натпреварувањето, сепак попладнево се играше фудбал и на стадионот „Гоце Делчев“. Новаци ги освои бодовите со убедлив триумф од 0-5.
Резултати – 16. коло
Беласица – Охрид Лихнидос 0-1
Детонит Плачковица – Големо Коњари 6-0
Кожуф – Брегалница 2-0
Осогово – Каменица Саса 1-0
Победа – Новаци 0-5
Шкендија Арачиново – Преспа 4-1
Слога Виница – Скопје 0-4
Тетекс – Вардар Неготино 2-0
Табела: 1. Охрид 39, 2. Шкендија 38, 3. Брегалница 33, 4. Скопје 32, 5. Беласица 31 …

