Лидерот во НБА лигата изненаден на домашен терен, неочекуван пораз и за Далас

Ноќната НБА програма започна со две големи изненадувања и победи на гостинските екипи. Моментално најдобрата екипа во НБА лигата, Кливленд, изненадувачки загуби на домашен терен од Орландо со 103-108, иако имаа водство од +13 поени до средината на третата четвртина. Со ова заврши неверојатната серија на Кливленд од 16 победи по ред.

Второто изненадување го направија кошаркарите на Филаделфија, кои победија на гостувањето кај Далас со 125-130. Двете екипи долго се менуваа во водство, а клучниот период беше третата четвртина која им припадна на гостите со 18-34. За Далас ова е трет пораз по ред, а 76-ките ја прекината црната серија од четири порази во низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести