Лидерот во Серија А, Милан одигра само 2:2 на гостувањето против најслабиот тим во лигата, Салернитана во рамките на 26-то коло.
Иако тимот од Милано важеше за голем фаворит пред средбата, на теренот не беше така. Гостите поведоа со голот на Џуниор Месијас во петтата минута, додека по грешката на голманот Мајк Маињан, Федерико Бонацоли израмни на 1:1 и со тој резултат се замина на полувремето.
Во вториот дел, Милан имаше неколку шанси, преку Жиру а казната стигна преку Милан Ѓуриќ (72′) кој убаво ја погоди прежата на гостите со глава за ерупција од радост на трибините.
Анте Ребиќ по само пет изминати минути донесе нова драма и шанса за гостите да се надеваат на комплетен пресврт, кој за нивна жалост на крајот не дојде.
На ова реми најрадосни се Интер и Наполи, бидејќи нивниот ривал за титулата киксна на меч кој што мораше да го добие. Милан сега е прв со 56 бода, пред Интер кој има 54 но и два натпревари помалку, додека Наполи е трет со 53 бодови.