Екипата на Аталанта се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија откако со убедливи 6:1 ја победи Чезена. Тимот кој сезонава игра одлично и е лидер во Серија А започна силовито и постигна два гола во почетните 10 минути, а до крајот на првото полувреме резултатот беше 4:0.
Во вториот дел Аталанта даде уште два гола, а потоа домаќините го намалија темпото на игра. Тоа го искористи Чезена, па второлигашот успеа да постигне почесен погодок и на крајот резултатот е 6:1.
Јувентус вчера со 4:0 го победи Калјари, а вечерва ќе играат Рома и Сампдорија. За утре е закажан дуелот меѓу Интер и Удинезе.