1006 Лидс – Тотенхем (Премиерлига, 13.30 часот)
Лидс е сосема различна екипа од ланската, која играше одличен фудбал и беше неприскосновена во еден од најважните елементи во спортот, физичката подготвеност.
Сезонава Лидс слабо трча и губи убедливо, а потврда се 10 примени голови во последните 7 дена.
Ливерпул им даде шест, претходно Манчестер јунајтед ги почести со 4, а Лидс е екипата што досега прими најмногу голови, дури 56 во Премиерлигата.
Марсело Бјелса кој беше херој за навивачите на Лидс, откако ги внесе преклани во Премиерлигата по пауза од 16 години, некако го губи ореолот и веќе се почесто се бара и отказ за него.
И Тотенхем не игра на посакуваното ниво, па му се случува веднаш по големата победа против Манчестер сити на гости, да загуби од Барнли.
Двете екипи имаат скромни одбрани и ќе типуваме дека ќе има 3, или повеќе голови.
Предлог тип: 3+ (1.62)
1609 Фрајбург – Херта (Бундеслига, Германија, 15.30)
Фрајбург е сериозен кандидат за пласман меѓу четирите најдобри екипи во Германија што ќе играат во Лигата на шампионите и клубот се надева дека ќе успее да испише историја.
Со победа денеска ќе го стасаат Хофенхајм на четвртата позиција, а добро за Фрајбург е што игра со Херта, тим што е во катастрофална форма.
Со 51 примен гол, Херта е на второто место само зад Гројтер фурт во Бундеслигата, а во минатото коло со шестка мрежата им ја наполни Лајпциг.
Тимот од Берлин нема победа во 2022 година, нанижа 7 меча на кои губеше, или играше нерешено, и типуваме дека таа серија ќе продолжи со пораз на новиот стадион „Европа Парк“ во Фрајбург.
Предлог тип: 1 (1.63) Супер тип на Sport Life
3004 Емполи – Јувентус (Серија А, Италија, 18 часот)
Емполи имаше одлична серија од четири победи и две ремија пред Нова година, но потоа почна црната низа од 10 натпревари без победа.
Тешко дека и денеска ќе победат, иако Јувентус има многу проблеми. Старата дама има пет играчи што се многу важни, а сигурно нема да играат против Емполи, а можно е да им се приклучат уште тројца.
Кјелини, Алекс Сандро, Киеза и Мек Кени сигурно нема да настапат, а Бернардески, Дибала и Ругани се неизвесни.
Сепак Јувентус и вака има и подобар тим и е во подобра форма. Старата дама сака и реванш за поразот од 0:1 во првиот дел од шампионатот и наш тип е дека ќе победи, но и ќе прими гол од Емполи.
Предлог тип: 2&ГГ (3.55)
1142 Манчестер јунајтед – Ватфорд (Премиерлига, 16 часот)
Манчестер јунајтед сака реванш за убедливиот пораз од Ватфорд со 1:4 во првиот дел од шампионатот, а им треба победа и за да останат во квартетот најдобропласирани англиски екипи што ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона.
Иако не играат како што посакува огромната армија на навивачи, Црвените Ѓаволи имаат добри резултати и само еден пораз на последните 10 меча во сите конкуренции.
Сосема спротивно Ватфорд е во голема криза, а интересно е што по големата победа против Јунајтед од 4:1 има само уште еден триумф на следните 14 натпревари.
На последните две гостувања на „Олд Трафорд“ Ватфорд не успеваше да даде гол, но имаат добри напаѓачи и Кинг, Денис, Сар, Кучо, или некој друг може да ја затресе мрежата на Де Хеа.
Предлог тип: ГГ (1.94)
1143 Евертон – Манчестер сити (Премиерлига, 18,30 часот)
Поразот од Титенхем на свој терен му донесе многу проблеми на шампионот Манчестер сити, па Ливерпул се доближи на само три бода разлика.
Со тој неуспех беше прекината долга серија од 13 меча без пораз на популарните Граѓани, па сега очекуваат почеток на нова слична низа.
Евертон им е како порачан противник, тим што е во криза и на кого на последните три меѓусебни дуели му дадоа дури 10 гола, а не примија ниту еден.
Карамелите имаат страшно лоша серија од 9 порази по ред против Манчестер сити. Денеска ќе ги исклучат сирените на „Гудисон парк“ во знак на поддршка на Украина, но шампионот и без нив ќе се разбуди и ќе ги победи по десетти пат по ред.
Предлог тип: 2&1+I&1+II (1.94)