Лидс даде нефер гол, Биелса нареди да има израмнување (Видео)

Вистински калабалак се случи на „Еланд роуд“ на дербито меѓу Лидс и Астон Вила, а за само неколку минути домаќините од неџентлментски потег се извадија со фер постапка.

Лидс постигна водечки гол во 72. минута, го даде Клих, но му претходеше неспортски однос од играчите на домашната екипа. Одбија да ја исфрлат топката во аут, иако на тревникот лежеше повреден играч на Астон Вила, а по бруната реакција на гостите тренерот на Лидс Биелса нареди да им се пушти гол на гостите.

Играчите на Астон Вила пет минути подоцна израмнија, погоди на празен гол Адомах, па мечот заврши нерешено, 1:1. Лидс сепак си ја спаси честа, но со ремито и дефинитивно отпадна од трката за директен пласман во Премиерлигата.

Во елитата заедно одат Норич и Шефилд јунајтед, а соиграчите на нашиот репрезентативец Џани Алиоски кој е повреден и не игра, ќе мораат низ бараж да ја бараат шансата за место во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести