(1001) Кристал палас – Саутхемптон (16ч)
Кристал палас во новата сезона влегува со големи проблеми во отсуство на неколку важни првотимци како Бентеке, Кејхил, Шако и Ван Анхолт. Повредите може да му наштетат на тимот кој го води најстариот менаџеро во Премиер лигата Рој Хоџсон, и да капитулира пред незгодниот Саутхемптон.
Последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи завршија со помалку од три гола, но со оглед на тоа дека целта на двете екипи е да се почне во што подобро светло, би требало да се игра поофанзивен фудбал и да се тресат мрежите.
Предлог тип: 3+ (2.25)
(1003) Ливерпул – Лидс јунајтед (18:30ч)
Шампионот на домашен терен тргнува во одбрана на титулата, па Премиер лигата одлучи да чести на стартот со гостување на култниот Лидс јунајтед на „Енфилд“. Составот на Марсело Бјелса во кој е и нашиот Езѓан Алиоски, има големи амбиции за оваа сезона во која целта не е само да се опстане во елитата, туку да се оствари што повисок пласман на табелата, сличен на Шефилд јунајтед од минатото првенство.
Ливерпул ги доби двете последни средби против Лидс во рамки од Лига купот на Англија, додека Лидс од 2001 година не памети победа против Црвените со статус на прволигаш. Клоп веќе имаше пуштено корени во Ливерпул во последниот дуел на овие две екипи, кој англискиот првак го доби со 2-0, меѓутоа кај Бјелса не се приметува страв ако се знае дека домот на Ливерпул ќе ги нема фанстастичните навивачи.
Предлог тип: 1 & ГГ (2.70)
(1301) Гранада – Атлетик Билбао (18:30ч)
Новата сезона во Ла Лига ќе почне со ограничен број на навивачи на трибините, па затоа и дуелите ќе бидат повозбудливи за разлика од финишот од минатата сезона во која се играше без публика. Гранада и Билбао е дуел во кој најчесто се радува домаќинот, така беше во претходните пет меѓусебни средби.
Баскијците претрпеа дебакл во последното гостување кај Гранада со 4-0, таа црна дамка ќе треба да се отстрани денес во обидот на гостите да се реваншираат. Гранада не запиша ниту една победа во подготовките, додека Билбао загуби еднаш во четири контролки, што значи дека гостите се во подобра форма, но најпаметно е да се типува дека двете екипи ќе дадат барем по еден гол.
Предлог тип: ГГ (2.05)
(1703) Монпелје – Ница (17ч)
Ница како лидер во Лига 1 по две кола и максимални шест бода ќе се обиде да го одржи победничкиот ритам на гостувањето во Монпелје. Домаќините пак ги чекаат првите три бода откако во првото коло загубија кај Рен.
Ница ќе треба да покаже многу подобра игра од претходно ако се знае дека на трите последни гостувања кај Монпелје претрпе исто толку порази и воедно само еднаш даде гол. Монпелје е непоразен во шест меча на домашен терен ако се сметаат и мечевите од минатата сезона, па јасно е дека неизвесноста ќе владее на средбата.
Предлог тип: 1+I & 1+II (1.87)
(1658) Клуб Бриж – Беверен (20:45ч)
Бриж е без неколку првотимци, што поради повреда, односно активни случаи на ковид-19. Сепак, за актуелниот белгиски првак не би требало да претсавува проблем да ги освои бодовите против Беверен, тим кој претрпе три последователни порази по четири кола.
На домашен терен, Бриж има шест победи против Беверен во вкупно осум дуели, во кои редовно постигнуваат два или повеќе погодоци, а двојна победа немаат остварено од 2017 година.
Предлог тип: 1 двојна (1.88)