33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Лидс и Вест хем во трка за Украинецот Довбик

Голгетерот на Рома, Артјом Довбик, е трансферна цел на англиските премиерлигаши Лидс и Вест хем, пренесува „Газета дело спорт“. Волчицата е подготвена да се раздели со украинскиот напаѓач за сума не помала од 32 милиони евра, која би ја вложила во доведување негов наследник.


Главна опција е Црногорецот Никола Крстовиќ од Лече, чија вредност клубот ја проценува на околу 30 милиони евра. Дваесет и четиригодишниот напаѓач минатата сезона во Серија А забележа 11 гола и пет асистенции.

Рома го донесе Довбик пред една година од Жирона за 38,5 милиони евра, но тој не ги оправда високите очекувања, поради што клубот е подготвен да го продаде.


Лидс првично сакаше да го ангажира бразилскиот напаѓач на Фулам, Родриго Мунис, но барањето од 47 милиони фунти (околу 55 милиони евра) ги одврати, па вниманието го насочија кон Довбик.

- Оглас -

Најнови вести