Лидс има одличен камбек во Премиер лигата, но и голема мака

Марсело Бјелса сè уште не го продолжил договорот со Лидс, а му истекува во јуни идната година, па клубот од Јоркшир иако игра одлично во Премиер лигата, има голема мака.

Аргентинецот е вистинска икона во Лидс,по 16 години пауза, успеа да го врати клубот во најсилната англиска лига, но има и една навика што не им оди во прилог на Алиоски и на соиграчите. Често ги менува клубовите и не се задржува долго во иста средина, па челниците на Лидс стравуваат дека може да си замине.

Лидс игра одлично на стартот од сезоната и има 14 бода, па е поблиску од местата што водат во еврокуповите отколку до опасната зона за испаѓање, што е одличен почеток во враќањето во Премиер лигата по цели 16 години.

Бјелса е еден од најплатените тренери во Англија, така беше и кога Лидс играше во Чемпионшип, а има интересен бекграунд. Во новиот милениум предводеше пет клуба и најдолго остануваше две години, колку што е и во Лидс.

Беше тренер на Атлетик Билбао од 2011 до 2013 година, па се пресели во Олимпик Марсеј една сезона, потоа беше кратко во Лацио и во Лил, по една година и пристигна во Лидс во 2018 година.

Договорот му истекува идното лето и сè уште не е продолжен, па челниците на клубот за којшто одлично во континуитет игра нашиот репрезентативец Езџан Алиоски се подготвува и за резервна варијанта.

Ако Бјелса си замине од Јоркшир, каде што е омилен, тогаш прва опција и желба на Лидс е да го ангажираат Хулен Лопетеги, сегашниот тренер на Севилја. Човек кој во клубот од Андалузија со пехарот од Лигата на Европа се рехабилитира за неколку претходни неуспешни епизоди како менаџер на Порто, потоа и како селектор на Шпанија и тренер на Реал Мадрид.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести