1.8 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Лидс ја зголеми кризата на Вест хем (Видео)

По заминувањето на Грем Потер и доаѓањето на Нуно Еспирито Санто, Вест хем не само што не заигра подобро, туку изгледа уште полошо. Овој тим моментно е еден од најсериозните кандидати за испаѓање од Премиер лигата доколку нешто драстично не се промени.

Вечерва слабостите на Вест хем ги искористи Лидс, кој славеше со 2-1 на „Еланд Роуд“ во натпревар од деветтото коло на шампионатот.

Домашниот тим уште во првите 15 минути го реши натпреварот. Американецот Брендон Аронсон погоди по само три минути игра за водство од 1-0, а дефанзивецот Џо Рондон во 15-тата минута по корнер зголеми на 2-0.

Вест хем успеа само да го ублажи поразот во самиот финиш. Во 90-тата минута Матеуш Фернандеш постигна погодок за утеха.

Со оваа победа, Лидс се искачи на 13-тата позиција со 11 освоени поени, додека Вест хем останува претпоследен со само четири бода и сѐ поголема криза во играта.

- Оглас -

Најнови вести