Лидс казнет со 200.000 фунти за шпионажа

Лидс јунајтед е казнет со 200.000 фунти поради шпионирање на противницте од Шампионат лигата. Член на стручниот штаб од Лидс бил забележан како сомнително се движи околу тренинг-центарот на Дерби и го шпионирал тренингот на екипата на Френк Лампард пред нивниот меѓусебен дуел кој се одигра на 10-ти јануари.

Предводникот на екипата Марсело Бјелса воопшто не се обиде да ги негира овие обвинувања, туку самиот откри дека ангажирал човек да ги следи тренинзите на сите нивни противници во првенството. Дисциплинската комисија во соопштение истакна дека Лидс ги нарушил стандардите на првенството и е недозволиво за еден респектабилен клуб да прави вакви работи.

Иако нема конкретно правило за овој тип прекршок, Лидс им се извини на челниците на Лигата и на Дерби, а од таборот на клубот ветуваат дека нема да повторат ваков испад.

- Оглас -

Најнови вести