Лидс ќе го проширува стадионот, „Иланд роуд“ ќе стане седми најголем во Англија

Раководството на Лидс јунајтед започнува со работа околу проширувањето на стадионот „Иланд роуд“, со што овој објект би станал седми по големина фудбалски стадион во Англија.

Градскиот совет на Лидс денеска ќе одржи состанок на оваа тема.

Откако обезбеди промоција во Премиер лигата, Лидс планираат сериозна модернизација на својот стадион. Според информациите на „Дејли мејл“, клубот има намера да го зголеми капацитетот на „Иланд роуд“ од сегашните 38.000 на 56.500 седишта.

- Оглас -

Најнови вести