15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Лидс конечно нема да загуби, најтрофејниот во ЛЕ знае како се победува

1004 Лидс – Астон вила (20:45 ч.)

Лидс е во очајна низа и има пет порази по ред, а во последните 10 средби има само две победи и едно реми. Астон вила е единствениот тим во Премиер лигата што нема ниту едно реми на гости сезонава.

Дури со 61 примен гол, Лидс ја има најслабата одбрана во лигата, но Астон вила не е некој клуб кој знае тоа многу да го искористи.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.35)

 

6025 Аталанта – Баер Леверкузен (21 ч.)

Прв меч од осминафиналето во Лигата на Европа. Гостите имаат проблеми со неколку повредени играчи, но и кај Аталанта ќе фали Запата. Двете екипи негуваат офанзивен фудбал, па иако се работи за прв меч и многумина би очекувале претпазливост и калкулации, можно е во Бергамо да има погодоци на двете страни.

Баер Леверкузен на 13 од последните 15 меча игра со минумум три гола, а не ретко се работи и за голеади со по пет, шест или седум погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.95)

 

6707 Олимпик Марсеј – Базел (21 ч.)

Французите треба да го искористат домашниот терен и да стигнат до предност во првиот меч од осминафиналето во Конференциската лига. Олимпик Марсеј претрпе два порази на последните два меча на свој терен (од Монако 0:1 и од Клермонт 0:2), па сигурно нема да дозволи третпат да биде посрамотен пред своите навивачи.

Базел најчесто игра отворен фудбал со погодоци, па и вечерва може во двете полувремиња да очекуваме голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

6708 ПСВ Ајндховен – Копенхаген (21 ч.)

ПСВ се бори за титулата во холандското првенство, кое реално е многу посилно од данскиот шампионат, каде што игра Копенхаген. Тимот од Ајндховен има седум победи и едно реми во последните осум средби, што е само најава дека домаќините се во добра форма.

Копенхаген одигра одлично во групната фаза од Конференциската лига и имаше пет победи, а само еден пораз. За Данците ова ќе биде вистински предизвик да покажат дека може да парираат и во ситуација кога се аутсајдери.

Предлог тип: 1+I &3+ (1.97)

 

1603 Севилја – Вест хем (18:45 ч.)

Ова е дерби во осминафиналето од Лигата на Европа. Севилја е тимот кој е ривал на Реал во трката за титулата, а Вест хем е во Топ 6 во Англија. Севилја е најтрофејниот клуб во историјата на ова натпреварување, па нормално е да очекуваме на домашен терен да победи шпанскиот тим.

Предлог тип: 1 (2.28) – квота од Супер типот на Sport Life

- Оглас -

Најнови вести