7.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Лидс лесно го победи Нотингем Форест (Видео)

Лидс на домашен терен славеше против Нотингем Форест со 3-1 во 25-тото коло од англиската Премиер лига.

Лидс поведе во 26-тата минута по едноставна, но ефективна акција. Бугарскиот играч Илија Груев испрати прецизна долга топка зад Миленковиќ, која ја дочека Џејден Богл и рутински ја смести зад голманот Ортега. Само четири минути подоцна, тимот на Даниел Фарке ја зголеми предноста. Џастин по одбиена топка го проигра Ноа Окафор, кој лесно ја удвои предноста.

Во второто полувреме Лидс продолжи со одлична игра. Во 49-та минута Груев имаше простор да го проигра Доминик Калверт-Луин, кој го постигна третиот гол за Лидс.

Нотингем Форест дојде до почесен погодок преку новото засилување Лоренцо Лука во 86-та минута, по центаршутот на Хачинсон, но тоа не беше доволно да се загрози водството на Лидс.

- Оглас -

Најнови вести