Лидс јунајтед вчера херојски направи пресврт на гостувањето против Астон вила за конечни 3-2, но потегот на мечот му припадна на Јаник Боласи. Фудбалерот кој е позајмен од редовите на Евертон создаде воздишки на „Вила парк“ со неговиот дриблинг, по кој се ослободи од двајца противнички играчи, и тоа на мал простор.
Боласи и во минатото знаеше да направи вакви потези и да ги прати дефанзивците по бурек, особено кога го носеше дресот на Кристал палас.
https://twitter.com/FootyYapper/status/1077117172881739776