26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Лидс најавува инвестициски бум – Алиоски ќе се бори за титула во Премиер лигата

Андреа Радриѕани има убав план за развој на Лидс, а вели дека ако се остварат најавите за инвестициски бум, клубот за којшто игра Езџан Алиоски би дошол на рамниште на најдобрите клубови во Англија, дури рамо до рамо со потенцијалот што го има и Манчестер сити.

Една од трите најавени опции е токму „Катар спортс инвестмент“, компанија што го поседува Манчестер сити. Првиот човек Насер Ал-Келаифи е голем пријател со Радриѕани, па можно е да дојде до соработка, иако сегашниот сопственик на Лидс вели дека подготвува поинакво изненадување.

„Лидс е клуб со огромно реноме и во европскиот фудбал и има потенцијал за дополнителен развој. Ако успееме, ќе бидеме многу конкурентни на најсилните клубови во Англија“, изјави Андреа.

Само за споредба, откако Катарците влегоа со инвестиции во Манчестер сити во 2008 година, клубот само на играчи потроши една и пол милијарди фунти, што е неверојатна сума, а клубот почна да освојува трофеи.

Лидс е член на втората по ранг лига во Англија, популарната Шампионат лига, а е меѓу фаворитите за камбек на големата сцена и настап во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести