Лидс нуди луди мерки – Замрзнување на платите за Алиоски и соиграчите

Лидс превзема драстични чекори за да ја избегне кризата и раководството на клубот ги започна преговорите со своите играчи, а понудата е да се замрзнат платите додека трае прекинот на првенството поради Коронавирусот.

Првично преговорите се одвиваат на релација претставници на клубот и претставници на фудбалерите, а ако дојде до договор Езџан Алиоски и соиграчите нема да примаат плати се додека не почнат да играат.

Ова е досега најострата мерка што ја превзема еден клуб во екот на епидемијата, но прашање е како ќе се одрази ваквата ситуација и предлог на челниците на Лидс.

Речиси сигурно сите фудбалери нема да ја прифатат ваквата мерка, па дури и да остане само како предлог и може да се одрази на продолжението на сезоната, ако воопшто има мечеви во Чемпионшип сезонава.

Лидс е сериозен кандидат за промоција во Премиерлигата, бидејќи е лидер на табелата во Чемпионшип со 71 бод, 7 повеќе од третопласираниот Фулам на девет кола до крајот.

Ваков предлог само може да ја разниша довербата на играчите во раководството на клубот, велат навивачите на Лидс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести