Лидс побара одложување на мечот со Астон вила и доби зелено светло

Екипата на Лидс нема да игра фудбал ниту на 28 декември, како што тоа беше случај и денеска, а одложен им е нов меч во Премиер лигата.

Избраниците на Марсело Бјелса денеска на Боксинг деј не играа против Ливерпул поради премоногу заразени со ковид-19, а ќе го прескокнат и мечот со Астон вила за два дена.

Тоа е првиот одложен меч од 20-тото коло во англиското првенство и не е неочекуван епилог бидејќи клубот од Јоркшир има големи проблеми со пандемијата.

Интересно е што засега најлошо стои Барнли само со 15 одиграни натпревари во 19 кола, а веднаш зад него се: Тотенхем, Ватфорд, Брентфорд, Брајтон и Манчестер јунајтед со по 16 одиграни натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести