Лидс треба да го растури тимот кој девет меча нема пораз, Јувентус сигурно победува

3662 Јувентус – Сасуоло (20:45 ч.)

По победата на гостувањето кај Милан, самодовербата на фудбалерите на Јувентус е на највисоко ниво. Сепак, Сасуоло е тим кој покажува дека никогаш не се предава, па не случајно е со само еден бод помалку од Старата дама на табелата.

Сасуоло сезонава на гости има пет победи, две нерешени и само еден пораз, што треба да е аларм за претпазливост за Јувентус. И последните два меча на овие два тима покажува дека може да биде неизвесно, затоа што завршија 3:3, односно 2:2.

Фактот дека двата тима играат напаѓачки е знак дека треба да се одигра на голови, а секако Јувентус е голем фаворит за трите бода.

Предлог тип: 1&3+ (1.86)

 

1310 Валјадолид – Валенсија (21 ч.)

Некогашниот шпански првак Валенсија, сезонава ќе слави ако успее да обезбеди опстанок во Примера. Со само три победи во 17 меча, Лилјаците се очајни и се на чекор од зоната за испаѓање. Повеќе од два месеци, односно осум меча Валенсија не се израдувала на победа во пренството.

Ако се гледа традицијата, Валенсија дури 11 натпревари нема пораз од Валјадолид, па гостите очекуваат традицијата да продолжи.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.46)

 

1126 Кроули – Лидс (14:30 ч.)

Лидс гостува кај четвртолигашот во меч од ФА Купот. Екипите кои се од пониските лиги секогаш се посебно мотивирани кога играат со премиерлигаши, па сигурно Кроули ќе се обиде да направи чудо. Домаќините се и со самодоверба, затоа што девет меча немаат пораз, но сепак тоа се средби против многу послаби ривали од Лидс.

Ако се знае дека Лидс е тим кој игра отворено, без многу калкулации, може да очекуваме многу погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

1638 Ајакс – ПСВ Ајндховен (16:45 ч.)

Најголемото дерби денеска во Европа се игра во Холандија. Ајакс е лидер со 34 бода, додека ПСВ е веднаш зад него со бод помалку. На последните четири меча на „Амстердам Арена“, Ајакс го победува ПСВ, но факт е дека гостите сега имаат низа од 11 средби без пораз.

Ајакс досега даде 52 гола во 14 меча, односно во просек постигнува неверојатни 3,7 погодоци. ПСВ го има вториот најдобар напад, па погодоци на двете страни е најреална опција.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

 

1809 Арминија Билефелд – Херта (18 ч.)

Две екипи кои се во долниот дел од табелата во Бундеслигата. Арминија дома досега освои шест бода во седум дуели, но Херта не е некој гостин од кого треба да се плаши. Со само девет погодоци во досегашните 14 средби, Арминија го има најслабиот напад, па реално и не треба да се очекуваат многу погодоци на оваа средба, иако германското првенство е асоцијација за отворен фудбал.

Предлог тип: 0-2 (1.79)

 

- Оглас -

Најнови вести