Манчестер јунајтед и Тотенхем остварија победи и на реванш натпреварите против Атлетик Билбао и Бодо/Глимт, потврдувајќи го доминантно пласманот во финалето на Лигата на Европа. Финалната пресметка на англиските премиерлигаши е закажана за 21 мај во Билбао. Победникот ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Манчестер јунајтед го победи Атлетик Билбао со 4-1. Јаурегизар им даде надеж на гостите со голот во 31-та минута, но вториот дел му припадна на англискиот тим. Мејсон Маунт постигна два гола, Касемиро и Хојлунд по еден, за убедлив триумф од 4-1, или вкупно 7-1.
Тотенхем исто така оствари втор триумф против Бодо/Глимт. Лондонскиот тим славеше во Норвешка со 0-2, откако претходно и дома победи со 3-1.
Стрелци на головите за Тотенхем беа Доминик Соланке и Педро Поро.