2.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Лига на Европа: Рома со нов триумф, Динамо Загреб настрада од Лил

Рома продолжи со одличните настапи на европската сцена и се врати на победничките патеки. Волчицата на свој терен го совлада Митјиланд со 2-1, нанесувајќи му го првиот пораз во Лигата на Европа оваа сезона.

Данците беа во серија од четири последовни триумфи, но налетаа на тимот од Серија А, кој игра во одлична форма и води на табелата во Италија. Ел Ајнауи и Ел Шарави беа стрелците за Рома, додека Паулињо го намали поразот за гостите.

Динамо Загреб доживеа тежок пораз на гостувањето кај Лил, каде што загуби со убедливи 4-0. Стрелци за Французите беа Кореја, Мукау, Игамане и Андре.

Астон вила ја оправда улогата на фаворит и дома го совлада Јанг бојс со 2-1. Дониел Мален беше херојот на премиерлигашот со два гола во првото полувреме.

Триумф забележа и Порто, кој со 3-0 беше подобар од Ница. Веига постигна два гола, а Саму беше прецизен од белата точка во вториот дел.

Фенербахче одигра само 1-1 пред своите навивачи против унгарскиот Ференцварош. Во првото полувреме немаше голови, гостите поведоа преку Варга, а Талиска го израмни резултатот. Дуран доби црвен картон за турскиот клуб.

Големо изненадување приреди Селтик, кој на гостински терен го победи Феенорд во Ротердам со 1-3. За шкотскиот тим погодија Јанг Хјун-Јин, Хатате и Нигрен, а Уеда беше единствениот стрелец за домаќините.

Бугарскиот шампион Лудогорец пред своите гледачи славеше против Селта Виго со 3-2, остварувајќи ја втората победа во групата. Српскиот интернационалец Петар Станиќ постигна хет-трик.

Без победник завршија натпреварите ПАОК – Бран (1-1) и Викторија П’лзењ – Фрајбург (0-0).

- Оглас -

Најнови вести