Бугарската фудбалска федерација го објави списокот на фудбалери коишто се повикани за двете средби од Лигата на нациите против Македонија и Гибралтар.
Новиот селектор Младен Крстаиќ своето деби на клупата ќе го има на 23 август во Разград, кога на гости ќе им дојде Гибралтар, а три дена подоцна нашиот сосед ќе дојде во Скопје, на арената „Тодор Проески“.
Голмани: Даниел Наумов (ЦСКА 1948), Светослав Вуцов (Славија), Иван Дулгеров (Черно Море).
Одбрана: Валентин Антов (Монца), Петко Христов (Специја), Пламен Галабов (Макаби Нетања), Христијан Петров (ЦСКА-Софија), Виктор Попов (Черно Море), Иван Турицов (ЦСКА-Софија), Антон Недјалков (Лудогорец), Матео Стаматов (Оренбург).
Среден ред, напад: Илија Груев (Вердер), Иван Јорданов (Лудогорец), Јанис Карабелов (Кишварда), Филип Крастев (Левски), Илиан Стефанов (Левски), Никола Илиев (Интер), Марин Петков (Левски), Јоан Стојанов (Хапоел Бер Шева), Георги Русев (ЦСКА 1948), Кирил Десподов (Лудогорец), Радослав Кирилов (ЦСКА 1948) и Мартин Минчев (Спарта Прага).