Лига на нации: Македонија почнува и завршува со Ерменија

Фудбалската репрезентација на Македонија од 5 септември почнува со обврските во новата сезона од Лигата на нации.

Селекцијата на Ерменија е првиот противник на нашите Рисови во групата 2 од сегмент Ц, на 5 септември тој меч ќе се одигра во Скопје на Националната арена „Тодор Проески во 15 часот. Против истата репрезентација ја завршуваме групната фаза на 18 ноември во 18 часот.

Комплетен распоред на натпревари на Македонија:

Македонија – Ерменија, 5 септември во 15 часот

Грузија – Македонија, 8 септември во 18 часот

Естонија – Македонија, 11 октомври во 18 часот

Македонија – Грузија, 14 октомври во 20:45 часот

Македонија – Естонија, 15 ноември во 15 часот

Ерменија – Македонија, 18 ноември во 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести