Лига на шампиони или Лига на духови? И Баерн – Челзи без публика

Баерн Минхен и Челзи својот реванш-дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе го одиграат без публика на „Алијанц арената“ во Минхен. Германскиот клуб ги следи стапките на Јувентус, Барселона и Валенсија, кои исто така ќе играат дома без навивачи.

Од УЕФА најавија дека ако епидемијата на Коронавирусот не се смири, постои можност ЛШ да биде прекината и четвртфиналните мечеви воопшто да не се играат. Само во текот на денешниот ден одлучено е два меча да се играат без публика, а како што тргнало, може и уште некој меч да се игра без присуство на публика, што не е посакувана варијанта.

Баерн и Челзи треба да играат следната среда, а Баварците го добија првиот дуел во Лондон со 3-0 и нема да им требаат навивачите за да ја задржат предноста.

- Оглас -

Најнови вести