Реал е кошмар за Ливерпул, Лигата на шампионите зачинета со англиски фудбал

6002 Ливерпул – Реал Мадрид (21 ч.)

Двата тима кои минатата година играа во финалето од Лигата на шампионите сега се во борба од осминафиналето. Ливрпул со победа кај Њукасл покажа дека влегува во добра форма, но искуството на Реал во вакви дуели секогаш било многу значајно.

Во последниве 10 години овие две екипи играле шестпати, а Реал е доминантен и има пет победи и едно реми. Ливерпул последен пат против Реал се радувал во 2009 година, што значи дека поминале 14 години.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

6003 Ајнтрахт Франкфурт – Наполи (21 ч.)

Двете екипи се во одлична форма, па токму затоа може да очекуваме интересен меч. Ајнтрахт не сака многу да калкулира, а Наполи е познат по одличниот напад, па сигурно ќе има погодоци.

Домашната публика беше голем адут за Ајнтрахт, кој минатата сезона триумфира во Лигата на Европа, што значи дека е сериозен тим кој знае како да се снајде во нокаут-систем.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.79)

 

1015 Ротерам – Сандерленд (20:45 ч.)

Само со една победа во последните 13 меча, Ротерам не е екипа на која вреди да се обложите. За разлика од нив, Сандерленд е со големи амбиции во Чемпионшип, а силата ја покажа и со победата од 3:0 над Ротерам во првиот дел од сезоната.

Фаворитската улога е за гостите, но Ротерам, кој е мајстор за нерешени (12 ремија сезонава), ќе се обиде да открадне бод.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.03)

 

1603 Блекбурн – Блекпул (20:45 ч.)

Блекбурн е прилично сигурен кога игра пред своите навивачи, па сезонава во 15 средби има дури 10 победи. Токму поради тој биланс, тимот е во игра да се бори за влез во Премиер лигата.

Блекпул е во сосема поинаква ситуација. Тој е клуб со 31 освоен бод и е во зоната за испаѓање, но тоа не значи дека е без шанси да се спаси. Со 47 примени гола, само Виган има послаба одбрана од Блекпул.

Предлог тип: 1 (2.10) – квота од Супер тип

 

1024 Моркомб – Порт Вејл (20:45 ч.)

Порт Вејл е на 12-тото место во Лига Еден и е во „златната средина“, додека Моркомб е во зоната за испаѓање. Кога игра дома, Моркомб има само пет порази во 16 дуели, што значи дека се борбени и не дозволуваат противникот лесно да ги надигра.

Порт Вејл има слаба одбрана и тоа треба да го искоистат домаќините, па може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести