Првакот на Фарски Острови е во потрага по ново чудо во Лигата на шампионите

6746 ПСВ Ајндховен – Штурм (20:30 ч.)

Холандскиот тим пред четири дена го освои првиот трофеј победувајќи го шампионот Феенорд со 1:0 во Суперкупот на Холандија и покажа дека е во одлична форма пред битката за влез во групната фаза во Лигата на шампионите.

Штурм е клуб пред две години играше против ПСВ во групната фаза од Лигата на Европа, а холандскиот тим два пати лесно победи.

Предлог тип: 1&0-3 (2.45)

 

6747 Брага – ТСЦ Бачка Топола (21 ч.)

Како третопласирана во португалското првенство, Брага е фаворит во двомечот против ТСЦ Бачка Топола. Српскиот тим првпат е во ваква ситуација и едноставно нема што да загуби.

ТСЦ игра офанзивен фудбал и сигурно гостите ќе се обидат да пробаат да изненадат, па може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.55)

 

6726 Клаксвик – Молде (20:45 ч.)

Најголемото изненадување во квалификациите од Лигата на шампионите е шампион на Фарски Острови кој успеа да ги елиминира Ференцварош и Хакен и тоа речиси на ист начин. Клаксвик дома играше 0:0, а потоа на гости победуваше, и тоа постигнувајќи по три погодоци.

Овие две екипи играле точно пред 20 години во УЕФА Купот и Молде лесно победувал, па интересно ќе биде како ќе заврши денеска.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.70)

 

6744 Копенхаген – Спарта Прага (20 ч.)

Желбата на двете екипи е иста, а тоа е да влезат во плејофот за место во групната фаза во Лигата на шампионите. И Копенхаген и Спарта Прага се со по три победи од три меча во домашните првенства, а данскиот тим и во претходното квалификациско коло за ЛШ беше убедлив и му даде девет гола на Брејдаблик од Исланд.

Копенхаген ретко губи дома, но факт е дека и Спарта игра одлично и е офанзивно настроена екипа, па може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

6047 Астана – Лудогорец (16 ч.)

Двете екипи беа елиминирани во квалификациите од Лигата на шампионите, па сега продолжуваат со борба за влез во групна фаза во Лигата на Европа. Астана немаше шанси против Динамо Загреб и загуби со вкупни 6:0, додека Лудогорец со гол во 90+3 минута беше елиминиран од Олимпија Љубљана.

Според квалитетот, гостите треба да ја имаат улогата на фаворити и треба да си обезбедат добар резултат пред реваншот на свој терен.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.82)

 

- Оглас -

Најнови вести