Лига шампиони ќе се игра и во четврток, навивачите разочарани коментираат „фудбалот е мртов“

Лигата на шампиони каква што ја знаеме досега, ќе заврши со финалето меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“, откако Европската фудбалска федерација (УЕФА)ги потврди промените за следната 2024/25 сезона.

УЕФА ги престави новите промени според кој наместо досегашните 32 екипи во елитата ќе има 36 екипи. Нема да бидат вообичаените осум групи со по четири екипи, затоа што ќе се игра како една лига.

Во таа лига, секоја екипа ќе игра по осум натпревари и ќе се собираат бодови за поминување во следната фаза. Нема да има меч против иста екипа да играат дома па на гости. секоја од екипите ќе игра со по две екипи од секоја група по силина.

Првопласираните осум екипи на табелата ќе обезбедат директно место во осминафиналето, а клубовите кои ќе завршат од деветото до 24 место ќе играат плејоф за останатите осум позиции. Потоа се доаѓа до нокаут фаза каде ќе се игра по стародобриот проверен систем дома-гости.

Новост е и тоа што освен во вторник и среда како што сме навикнати, мечеви во Лигата на шампиони ќе се играат и во четврток. Токму четврток беше резервиран како ден за дуелите од Лигата на европа и конфернциската лига, но од следната сезона во четвртоците ќе се играат и средби од елитното натпреварување.

Многу навивачи беа разочарани од фактот дека ЛШ ќе има и во четврток.

„Го уништувате спортот. Зошто мечеви од ЛШ да се играат во четврток?“, гласи коментар на социјалните мрежи од еден навивач. „Фудбалот е мртов“, радикално коментира друг, а трет објаснува „Суперлигата беше лоша идеја затоа што го уништува спортот, а потоа го смислуваат ова.“

 

- Оглас -

Најнови вести