Новите 16 натпревари од редовната содржина на Sport Life, Супер тип, се тука и тие ќе ви помогнат да имате поголема добивка на вашите тикети.
Очекувано, средбите од Лигата на нациите се ударни, а тука е и средбата меѓу Грузија и Македонија, каде што квотата за кец е 2.30, додека пак за триумф на нашиот национален тим изнесува 3.85.
Италија и Англија ќе ги одмерат силите во големото дерби, а за победа на „Аѕурите“ има коефициент од точно 3.00, а за гостинска радост понудена е квота од 2.82.
Првата средба од оваа понуда се игра од 16 часот, каде што Зенит Санкт Петерсбург ќе се соочи со Локомотив Москва во рамките на рускиот ВТБ Супер куп, а победа на домаќините е вреднувана со квота од 1.35.