Лигата на шампионите може да ги добие двата најлоши клуба во историјата

Хрватскиот Динамо Загреб повеќе од една деценија држи еден неславен рекорд, а тоа е за најслаб клуб кој некогаш играл во групната фаза од Лигата на шампионите. Во 2011 година Динамо беше во група со Реал, Лион и Ајакс и ги загуби сите шест меча, а на крајот имаше гол-разлика само од три дадени и дури 22 примени гола.

Овој антирекорд на Динамо може да го срушат два тима кои оваа сезона се дел од ЛШ. Глазгов ренџерс во групата А досега ги загуби сите пет меча против Наполи, Ливерпул и Ајакс и има гол-разлика од 1:19. Во последното коло Ренџерс дома игра против Ајакс, па дури и со минимален пораз од 1:0 ќе го сруши неславното постигнување на Динамо Загреб.

Без ниту еден бод сезонава во ЛШ е и тимот на Викторија П’лзењ, која во групата со Баерн Минхен, Интер и Барселона ги загуби сите пет меча досега и има гол-разлика од 3:20. Во последното коло Викторија на свој терен игра против Барселона и доколку загуби со три или повеќе разлика сигурно ќе го сруши антирекордот на хрватскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести