Лигата на шампионите вечерва може да ги добие првите тројца осминафиналисти

Вечерва ќе се играат осум меча од четвртото коло во Лигата на шампионите, а интересно е дека три клуба уште денеска ќе може да се израдуваат на пласман во нокаут-фазата, односно осминафиналето.

Актуелниот европски владетел Манчестер сити има максимални девет бода и вечерва на свој терен игра против Јанг бојс и е голем фаворит за победа. Сити со 3:1 победи на теренот на швајцарскиот тим, а сега на свој терен треба да ја потврди доминацијата.

Во оваа група втор е Лајпциг, кој исто така вечeрва може да слави осминафинале. Лајпциг гостува во Белград кај Црвена ѕвезда и доколку германскиот тим победи, ќе стигне до 9 бода, а Црвена ѕвезда би останала само на еден бод. Ако во исто време Манчестер сити не направи луксуз за да загуби од Јанг бојс, во оваа група ќе бидат познати двата патника за нокаут-фазата.

Во ситуација да брка осминафинале е и Барселона. Каталонскиот гигант е со максимални девет бода од три кола и вечерва ќе гостува кај Шахтар. Ако Барселона победи, ќе има 12 бода и ќе биде недостижна за украинскиот тим, но и за Антверпен.

Пред место во осминафиналето е и Порто. Португалскиот гигант на гости со 4:1 го победи Антверпен и сега дома треба да освои нови три бода, со кои би стигнал до 9 бода и ќе остане само теорија за останатите екипи.

Многу понеизвесно ќе биде во Е и Ф групите, каде што сите четири екипи имаат свои планови и калкулации.

- Оглас -

Најнови вести