Лигата на шампионите веќе никогаш нема да биде иста: УЕФА детално ги објасни сите промени кои ќе следуваат

Најелитното фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите, од следната сезона ќе има сосема поинаков формат. Прва и главна промена е тоа што бројот на екипите ќе се зголеми од 32 на 36 и наместо досегашните поделби во групи, сите тимови ќе бидат во иста лига.

Факт е дека нема да може да игра секој со секого, па секој од тие 36 клуба со ждрепка ќе добие осум ривали против коишто ќе треба да игра (четири меча на домашен терен и четири средби на гости).

Во една ваква шема, не само што секој бод ќе биде важен, туку и секој гол ќе биде значаен затоа што на крајот може и гол0разликата да одлучува за конечниот пласман на табелата. По одигрување на тие осум кола, ќе биде направена табелата од прво до 36-то место.

Најдобрите осум екипи на табелата ќе обезбедат директно место во осминафиналето, додека клубовите кои ќе бидат пласирани од деветтата до 24-тата позиција (16 клуба) ќе играат плејоф-рунда, односно 16-финале во ЛШ. Победниците од овие плејоф-дуели ќе одат на мегдан со некој од првопласираните осум на табелата.

Екипите кои ќе завршат од 25-тото до 36-тото место ќе бидат елиминирани од сите натпреварувања во тековната сезона.

https://twitter.com/i/status/1764606719785869424

- Оглас -

Најнови вести