Лигата на шампионите е реалност за Рома, „волчицата“ и 17-ти натпревар по ред нема пораз во Серија А (Видео)

Екипата на Рома продолжува со одличните игри во Серија А, па победата од 1-0 над Верона на домашен терен е вкупно 17-ти првенствен меч без пораз на домашен терен за нив.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на интернационалецот од Узбекистан, Елдор Шомуродов, уште во четвртата минута.

Со оваа победа, Рома дојде до 57 бода, колку што има и Болоња на петтата позиција на табелата, но и два помалку од Јувентус кој е на позиција која води во групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести