Лигата на шампионите почна со гол на тим од Сан Марино, финале сепак ќе игра Интер од Андора

Шампионот на Андора, Интер Ескалдес, ќе игра во финалето на претквалификацискиот турнир за настап во Лигата на шампионите откако во премиерниот меч што го означи почетокот на новата сезона го победи тимот на Ла Фјорита со 2:1.

Се играше на неутрален терен во Рејкјавик, а првиот гол во новата сезона во Лигата на шампионите го постигна тимот од Сан Марино.

Стрелец за Ла Фјорита беше Данило Риналди во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме и аутсајдерот водеше со 1:0 по првиот дел.

Потоа се случи целосен пресврт во режија на шампионот на Андора и Интер Ескалдес победи со 2:1, со пресврт што го донесоа головите на Женис Солдевилја во 55-тата минута и во 66-тата минута.

Интер ќе игра во финалето против победникот од дуелот меѓу Левадија Талин и Викингур Рејкјавик, што ќе се игра од 21.30 вечерва.

Победникот во финалето ќе игра квалификации за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести