Лигата на шампионите со 36 тима, ќе нема групна фаза, ќе се игра и во четврток…

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, в понеделник ќе го претстави редизајнот на Лигата на шампионите. Новиот формат на ЛШ ќе стартува од сезоната 2024/2025.

Со сегашниот формат, во првата фаза во ЛШ има 32 тима поделени во осум групи, а со новиот формат, ќе има една лига со 36 тима. Клубовите пред натпреварувањето ќе бидат во четири јакосни групи, и секој тим ќе одигра 10 меча. Противниците ќе доаѓаат од различни јакосни групи, а секој тим ќе игра по пет домашни и гостински мечеви, и тоа со десет различни ривали.

Најавите се дека првата фаза ќе се игра од септември до јануари. Новина е и тоа што од 2024 година, ќе има мечеви и во четвртоците, а не само во вторник и среда како сега. Во првата фаза ќе има по 18, наместо по 16 средби дневно, и вкупно 180, наместо сегашните 96.

Според сегашниот формат, во ЛШ се играат 125 меча, а со новиот ќе има 225 (180 во првата фаза, 16 во плејоф и 29 во нокаут фазата). Најдобрите осум одат директно во осминафинале, плејоф за осминафинале ќе играат тимовите од 9 до 24 место, а најлошите 12 го завршуваат натпреварувањето. За освојување на европска титула, потребни ќе бидат барем 17, а можеби и 19 меча. Во моментов, до титула се стигнува со 13 одиграни мечеви.

- Оглас -

Најнови вести