Фудбалерите на Лихтенштајн ѝ дадоа гол на Летонија без воопшто да ја чепнат топката (Видео)

Репрезентациите на Летонија и Лихтенштајн вечерва одиграа пријателски натпревар, кој заврши 1-1, но моментот на мечот се случи уште во 15-тата секунда, кога гостите дојдоа во водство од 0-1. И ништо не би било чудно доколку тоа не го направеа без ниту еднаш да ја чепнат топката.

Летонците тргнаа од центарот и по неколку проигрувања, топката требаше да дојде до нивниот голман, но недоразбирањето на одбраната заврши со комичен автогол, веројатно еден од најчудните во историјата на фудбалот.

Видеото од голот со кој Лихтенштајн поведе може да го погледнете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести