Лихтенштајн мора да се победи – Ангеловски нареди собир во Вадуц на 11-ти ноември

Селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници ќе патуваат порано од очекуваното за Лихтенштајн, на 11-ти ноември, со цел да се прилагодат на условите за клучниот дуел во нашата група во Лигата на нациите.

Мечот на кој не смееме да загубиме за да го потврдиме првото место во групата ќе се игра во Вадуц на 16-ти ноември, од 20.45 часот.

Репрезентативците ќе патуваат пет дена порано, што не е редовна пракса, но ништо не се препушта на случајот. На Македонија ѝ требаат реми или победа во Вадуц за спокојно да го чека последниот меч во четвртата група од Сегментот Д против Гибралтар закажан за 19-ти ноември.

Првото место во групата гарантира полуфинале во Сегментот Д со некоја од останатите три репрезентации кои се победници во своите групи. На Европското првенство ќе патува само шампионот на Сегментот Д.

 

- Оглас -

Најнови вести