Типстерските совети добиваат поинаков шарм кога Македонија е меѓу паровите за типување. Сите очекуваме едно од нашата репрезентација, само победа, за нова радост и чекор напред кон остварување на сонот – Европско првенство. Победа на „црвено-жолтите“ е еден од петте типови кои ги нудиме за денес.
Лихтенштајн – Македонија (20.45 часот)
Со седум победи од осум меѓусебни пресмети против Лихтенштајн, Македонија денес и како гостин е фаворит во Вадуц. Дека ни се пациенти, тоа се знае од поодамна, а го потврдува и највисоката победа во историјата на нашата репрезентација, остварена токму против денешниот противник со 11-1. Триумфот никогаш не бил поважен од сега, со три бода Македонија не само што ќе го потврди учеството во полуфинале на Лигата на нациите туку и ќе има големи шанси да биде домаќин за полуфиналната пресметка.
На последното гостување кај оваа селекција, „црвено-жолтите“ издвоија победа од 3-0, па таков сличен исход се очекува и вечерва.
Предлог тип: 2 & Т2 3+ (2.25)
Холандија – Франција (20.45 часот)
Големиот триумф над Германија со 3-0 влеа голема надеж кај Холаѓаните дека можат да го повторат успехот и против актуелниот светски првак Франција. Меѓутоа, „лалињата“ речиси заборавија како се победуваат „триколорите“. Последен пат се радувале во 2008 година на ЕП, во групната фаза во второто коло Холандија ја растури француската селекција со 4-1. Оттогаш, овие две репрезнтации се сретнаа уште пет пати и сите пет средби завршија во корист на Франција.
Ќе биде неизвесно, Франција со триумф ќе ја потврди првата позиција во групата Ц, Холандија со победа ќе ги одржи во живот шансите за пласман во следната рунда.
Предлог тип: X2 & ГГ (2.40)
Велс – Данска (20.45)
Ова ќе биде само трет дуел на Велс и Данска во 21-виот век. Во 2008 година се сретнаа во меч од пријателски карактер, Велс славеше 1-0, додека во првиот дуел од Лигата на нациите, кој се одигра во септември, Данците се радуваа на победа од 2-0. Овие две селекции ја водат битката за првото место во групата 4 од Сегментот Б. По три меча, Велс има шест бода, Данска со еден меч помалку има четири бода, па денешните три бода подеднакво ќе им значат на двете екипи.
Предлог тип: 1X & 1-3 (2.15)
Словачка – Украина (20.45 часот)
Украина си ја заврши работата во три меча, има девет бода, па денешната пресметка против Словачка не ѝ е од големо значење. Сепак, избраниците на Андриj Шевченко ќе сакаат со стил да ги завршат настапите во групната фаза, па нема да биде изненадување ако тргнат во лов на целиот плен против денешните домаќини. Селекцијата на Словачка беше очајна во дуелот против Чешка, кој го загуби на домашен терен со 2-1, па сега ја чека деградирање во послабиот сегмент, доколку остане на последното месо во групата.
Предлог тип: X2 & 0-2 (2.25)
Словенија – Норвешка (20.45)
Норвежаните ќе мора преку Словенија да бараат победа во борбата против Бугарија за првото место во групата 3 од Сегментот Ц. Со девет бода од четири средби, денешен триумф е единствена опција за Норвешка, а Словенија веќе од поодамна не троши сили во ова натпреварување. Само со еден бод, дефинитивно останува на последното место и ја очекува испаѓање во Сегментот Д. Норвешка има четири победи од последните пет средби против Словенија, а вечерва има шанса да го подобри тој учинок.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.60)