Елиф Елмас играше 70 минути како стартер за Наполи на пријателскиот меч со Лил, на кој лидерот во Серија А доживеа незгодно отрезнување пред Нова година и пред продолжението на италијанското првенство.
Францускиот тим комплетно го надигра фаворизираниот лидер во Серија А и победи со 4:1.
Лил водеше со 4:0 со головите на Дијаките во првото полувреме и на Дејвид, поранешниот играч на Наполи, Оунас и на Бамба.
Елмас беше заменет во 70-тата минута и токму играчот што влезе на негово место, Распадори, го даде почесниот гол за Наполитанците во 93-тата минута.
Наполи е прв во Италија со 41 бод по 15 кола, а во следното коло, прво по Мундијалот во Катар, ќе му биде гостин на Интер на 4 јануари.