Холанѓанецот Свен Ботман конечно ќе биде член на Њукасл, откако Лил ја прифати понудата од 40 милиони евра за да го продаде стоперот кој е фудбалски производ на познатата Академија на Ајакс.
Англиските и француските медиуми објавија дека Лил конечно по шест месеци отпор ја прифатил понудата на Њукасл, клуб кој се обиде да го ангажира 22-годишниот Холанѓанец и во јануари годинава, односно во змискиот преоден рок.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1540386910929096705?s=20&t=g3V-hILDwUQCnNnk7FMkTw
Раководството на Лил и тогаш и сега неколкупати ги одбиваше понудите на „црно-белите“ од Англија, а за Свен беше заинтересиран и Милан.