Лил беше голем фаворит, но претрпе пораз вечерва од Ле Авр на домашен терен. Гостите, кои се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата во Лига 1 славеа со 1-2 и ги зголемија шансите за опстанок во француската елита.
Ахмед Хасан во 38-та минута го најави изненадувањето, а Иса Сумаре во 56-та минута зголеми на 0-2.
Лил постигна погодок во последните мигови од мечот, но не можеше да го избегне поразот.