Лил убедлив на дуелот со Сент Етјен

Лил стигна до убедлива победа на домашен терен против Сент Етјен (4-1) во Лига 1.

Давиташвили го постигна првиот гол од пенал во шестата минута и донесе предност за гостите, но Лил брзо се врати во игра. Во 32-та минута Давид реализираше пенал за 1-1.

Во второто полувреме, Сент Етјен остана со играч помалку по црвениот картон на Батубинска, а Лил тоа го искористи.


Сахрауи се запиша двапати во листата на стрелците, а Гудмунсон постигна еден гол, со што Лил ја завери победата со 4-1.

- Оглас -

Најнови вести