Лилард е летна верзија на Дедо Мраз (видео)

Демиен Лилард, свездата на Портланд трејлблејзерс, направи хуман гест откако израдува две дечиња купувајќи им патики. Тој се појави во една спортска продавница и одлучи на среќните деца да им купи по пет пара патики по нивен избор, притоа да ја плати целата сума.

Тоа секако не е никаков проблем за кошаркар кој игра во најквалитетната лига и заработува милиони долари, но за овие дечиња Лилард е како Дедо мраз, само што нема бела брада и стомак и не ги чека божиќните празници за да дели подароци.

https://twitter.com/brkicks/status/1155644013124476930?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155644013124476930&ref_url=https%3A%2F%2Fbleacherreport.com%2Fportland-trail-blazers

- Оглас -

Најнови вести